Александар Прокопиев
роден 1953, Скопје. Прозаист и есеист.
Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот Факултет во Белград, на групата за компаративна книжевност и теорија на литературата, и на Сорбона, Франција. Докторирал на тема “Сказната од митот до цртаниот филм“. Вработен е во Институтот за македонска литература при Филолошкиот факултет во Скопје како редовен професор на пост-дипломските студии по културологија.

За новелата „Ѕиркачот“ беше номиниран за книжевната награда „Балканика“ во 2007 година. За “Човечулец“ ја доби наградата „Балканика“ во 2012 година.
За “Човечулец“ ја доби наградата „Балканика“ во 2012 година.
Делата на Прокопиев се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки, германски, унгарски, полски, италијански, руски, српски, бугарски и други јазици.
Прокопиев активно преведува од неколку балкански јазици.
Член е на Независните писатели на Македонија. Го живеел рокенролот во групите Идоли, Уста на уста, и уште неколку понепознати.
Селекција од творештвото
• Младиот мајстор на Играта (раскази), 1983
• …или… (раскази), 1987
• Пловидба кон Југ (раскази), 1988
• Слово за змијата (раскази), 1992
• Арс аматориа (раскази), 1998
• Слика тркало (хаику), 1998
• Дали Калимах беше постмодернист? (есеи), 1994
• Патување на сказната (есеи), 1996
• Антиупатства за лична употреба, 1996/2000
• Постмодерен Вавилон (есеи), 2000
• Човекот со четири часовници (раскази), 2003
• Борхес и компјутерот (есеи), 2005
• Ѕиркачот (новела), 2007
• Човечулец: бајки од левиот џеб, 2011
• Хорацио Цвикало (раскази) 2013
• Замислувајќи ја Европа (есеи) 2014