ДЕЈАН ТРАЈКОСКИ

Роден 1977 година во Прилеп. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Идеен автор и директор на фестивалот ПРО-ЗА Балкан. Автор е на романите „Вистина. Љубов. (рашомонијада)“ (2012) и “Неверство“ (2014). Работел како новинар, селектор на филмски фестивал, уредник, издавач... Член е на Интернационалната федерација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.