Ермис Лафазановски
Пишува романи, кратки раскази, и есеи од областа на книжевноста и студии од областа на антропологијата.
До сега објавил шест романи : Благородник (1997), Опишувач (2001) Роман за оружјето (2003) и Храпешко (2006),
Недела (2009), Историјата на луѓето кои умреа од страв (2012). За романот Опишувач ја добил наградата
"Стале Попов" на Друштвото на писателите на Македонија во 2001 година, за романот Роман за
оружјето - наградата Прозни мајстори 2003, а романот Храпешко беше номиниран за македонски
преставник за наградата Балканика во 2006 година. Објавил и три збирки раскази: Половина божилак (1992),
Кога во Скопје ги беа измислиле чадорите (1999) и Егзотична кантата (2008), како и научните студии:
Традиција, нарација, литература (1996), Текст и менталитет (2000), Македонски космогониски легенди (2001),
Антрополошки дијалози (2002), Итар Пејо (2003) и Митови за создавањето на светот, (2007).
Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Од 2014 година е претседател е на Македонскиот ПЕН центар.
Одбор за доделување на наградата “Прозарт”:
Претседател
Ермис Лафазановски
Членови
Александар Прокопиев
Дејан Трајкоски