ЗА ПРО-ЗА БАЛКАН

*По петти пат во Скопје се одржува „ПРО-ЗА Балкан“, единствениот фестивал за елитна балканска проза.

*Шест врвни балкански прозни писатели и еден специјален гостин лично ќе се претстават пред македонската публика.

*Ова е несекојдневна можност македонската читателска публика лице в лице да се запознае со големите мајстори на современата проза од Балканот.

*Програмата „Скопје fellowship“ ќе се одржи по четврт пат. Издавачи од Франција, ОАЕ и Србија лично ќе се сретнат со македонските автори и издавачи. Преку „ПРО-ЗА Балкан“ за македонската современа проза ширум се отвора вратата кон светот.

*Темата на тркалезната маса ќе биде најгорливиот проблем: видливоста на писателите од Балканот во светот.

*Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ ќе се одржи во просторот што одговара на наговата важност: Даут пашиниот амам, како и во ЕУ инфо центарот и книжарницата на издавачката куќа Икона.

Александар Прокопиев
Уметнички директор на „ПРО-ЗА Балкан“