
„Скопје fellowship“ програма

Прашант Патак
Прашант Патак – e раководител на одделот за развој на англиско издаваштво во Giunti Editore. Тој раководи со стратешки иницијативи за издаваштво што го поврзуваат италијанското издаваштво со глобалните пазари на англиски јазик, со фокус на коизданија, развој на права и меѓународни партнерства. Со меѓуконтинентално присуство што ги опфаќа Италија, САД и Индија, Прашант игра клучна улога во проширувањето на глобалната видливост на „Џунти“ и поттикнувањето нови соработки во екосистемот на издаваштво на англиски јазик.
„Џунти едиторе“е една од најстарите и најистакнатите издавачки куќи во Италија, со наследство кое датира од 19 век. Со седиште во Фиренца, таа работи низ широк спектар на уреднички сегменти – од детски книги и училишно издаваштво до илустрирана нефикција, фикција и животен стил. Со наследство на иновации и културно влијание, Giunti останува водечко име во италијанското и меѓународното издаваштво.

Тасја Доркофикис
Тасја Доркофикис работела во неколку издавачки куќи, од Random House, каде што била директор на одделот за односи со јавноста за Кејп (Cape), Чато (Chatto) и Винтиџ (Vintage),
до Портобело Букс (Portobello Books), каде што работела
како соработник издавач. Моментално е организатор на меѓународен фестивал на книгата „Библиотопија“, во Фондацијата „Јан Михалски“ во Швајцарија и работи за Советот за уметност. Со полско и грчко потекло, отсекогаш била заинтересирана за литературата во превод.

Иван Федечко
Иван Федечко е менаџер за продажба на права во
издавачката куќа „Old Lion“. Тој е во издаваштвото од 2012 година, период во кој компанијата прерасна од мал издавач за деца во една од најголемите издавачки куќи во Украина и водечки извозник на украинска литература во странство. Тој го претставувал Old Lion на меѓународни саеми на книгата и учествувал во индустриски програми во Болоња, Франкфурт, Гвадалахара, Сеул, Тајпеј и Токио. Книгите за кои ги продал правата се преведени на над 50 јазици. Во 2023 година, „Old Lion“ ја доби наградата „Болоња“ за најдобар детски издавач на годината. Иван студирал чешки јазик и литература во
Лавов и словенска литература во Брно. Тој живее во Лавов
со сопругата, нивните две мали деца и мачка.

Марко Видал Гонзалес
Марко Видал Гонзалес (Шпанија, 1995) дипломирал словенска филологија на Универзитетот во Гранада. Специјализирал бугарски јазик на Универзитетот во Велико Трново и Универзитетот во Софија. Во 2023 година ја добил бугарската книжевна награда „Перото“ во категоријата „Превод од бугарски на странски јазик“. Тој има преведено бугарски современи автори како Рене Карабаш, Наталија Делева, Георги Рајчев и Александар Вутимски и
македонските поети Јосип Коцев, Магдалена Цапаровска, Стефан Марковски и Митко Гогов. Директор е на
издавачката куќа La Tortuga Búlgara со посебен фокус на недоволно застапените јазици од Источна Европа во Шпанија.

Франтишек Малик
Студирал културолошки студии на Универзитетот „Комениус“ во Братислава. Во 2014 година го основал меѓународниот фестивал на книгата BRaK, а следната година започнала со работа истоимената издавачка куќа, која е фокусирана на многу жанрови како што се стрипови, сликовници, проза и поезија. Во текот на целата година организира културни настани – на пример, словачкиот и чешкиот натпревар за поезија „BÁSNE SK/CZ, фестивалот Cez prah na bytoch и литературната програма на фестивалот Pohoda. Во 2017 година, тој е ко-основач на културното списание „Капитал“. Живее во Братислава со сопругата и децата.

Силвија Кучоги
Работам во издаваштвото осум години како директор за издавачката куќа „Европа“, издавач на квалитетна
литературен со силна, 70-годишна традиција. Пред тоа, поминав повеќе од 20 години во новинарството - како
заменик-главен уредник на водечкиот сериозен дневен весник во Унгарија, а претходно како главен уредник на големо женско списание. Во текот на мојата кариера, се фокусирав
на избор на значајна, висококвалитетна содржина за читателите. Верувам дека информациите, знаењето и
емоциите - споделени преку пишаниот збор - помагаат во градењето емпатија. Тоа е она што ја движи мојата работа.

Ида Антонела (Дела) Пасарели
Ида Антонела (Дела) Пасарели е родена и живее во Рим. Дипломирала модерна книжевност во 1986 година, а во 1990 година ја основала социјалната задруга Sinnos – „Синос издаваштво“. Таа е уреднички директор на издавачката куќа Sinnos од 1992 година. Член е на италијанската секција на IBBY од нејзиното основање.
Од мај 2025 година е претседател на ADEI, Независното здружение на италијански издавачи. Спроведува бројни обуки за книги и читање за возрасни, како за „Синос“, така и за здруженијата каде членува.
Секогаш работела на едукација за читање и промоција на „добри книги“. Од 1992 до 2024 година предавала италијански јазик и литература, како вонреден професор на Американскиот универзитет во Рим.

Марта Гурска
Марта Гурска работи во издавачката група „Фоксал“ како менаџер за права од 2022 година. Таа застапува повеќе од 120 автори низ сите издавачки марки на групата (W.A.B, Buchman, Wilga, Uroboros), продавајќи странски и филмски права. Таа дипломирала класична филологија и полонистика на Универзитетот во Варшава, како и бизнис анализа и проектен менаџмент на Академијата Козмински во Варшава. Првите години од својата професионална кариера ги поминала како радиопродуцент, а потоа како менаџер за организација на концерти. Има големо искуство во соработка со уметници од различни области и во развој на интердисциплинарни проекти. Исто така, рецензира дела од нефикција за издавачката куќа и подготвува анализи на странски пазари.

Катрин Реинма
Катрин Реинма (родена на 30.07.1968 година), филолог по образование со целоживотна љубов кон литературата. Нејзиниот академски пат ја довел до истражување на приемот на Гете во Естонија. Сепак, нејзиното професионално патување прво се одвивало во новинарството, каде што работела како уредник за јазик и култура, главен уредник, и главен уредник за весници и списанија за животен стил.
Во 2011 година, целосно се префрлила во издаваштвото и станала мнозински сопственик, извршен директор и главен уредник на Päike ja Pilv, издавачка куќа посветена на литература за деца и млади. Оваа работа ù овозможува да го комбинира своето уредничко искуство со вербата во моќта на книгите да инспирираат и обликуваат млади умови.
Надвор од нејзиниот професионален живот, уживаа во читањето, во класичната музика, во прошетките во природа и освежувачкиот предизвик на пливање во ладна вода. Живее во Естонија со својот сопруг, ќерка, мачка и куче и со нетрпение ги очекува значајните размени во рамките на Skopje Fellowship.

Катажина Домањска
Катажина Домањска – страсна читателка, преведувачка и промоторка на детски книги. Предава детска литература, го промовира читањето и креативното пишување на Универзитетот во Варшава и „Колегиум цивитас“. Членка е
на полската секција на IBBY (Меѓународен одбор за книги за млади), таа е активна во областа на детската култура со години.
Од 2010 до 2023 година го раководеше одделот за промоција
во Dwie Siostry Publishing, еден од водечките издавачи за деца во Полска. Превела неколку сликовници на полски јазик, вклучувајќи ја „Сакам да си ја вратам шапката“ од Јон Класен, „Ова е Лондон“ и „Ова е Рим“ од Мирослав Шашек и класичната книга „Дупка е да се ископа“ од Рут Краус и Морис Сендак.
Во 2024 година ја основа Kaczki Katastrofy – Агенција за креативна промоција, посветена на амбициозна детска литература. Нејзиното академско образование вклучува магистерски студии за предучилишно образование и настава по англиски јазик од Универзитетот во Варшава, каде што има започнато и докторски студии по образование.

Аленка Урх
Аленка Урх (1983) дипломирала филозофија и компаративна книжевност на Факултетот за уметности во Љубљана. Таа е самовработена и работи како литературен критичар (со
фокус на детската литература), преведувач и уредник.
Во 2020 година станала претседател на Словенечкото здружение на литературни критичари и неодамна го започна својот трет мандат. Член е на извршниот одбор на IBBY Словенија и словенечки претставник за меѓународното списание за детска литература Bookbird. Исто така еден од петте члена на стручното жири на една од најважните литературни награди за детска и младинска литература насловена како „Вечерница“. Член е на стручниот одбор во Јавната агенција за книги на Република Словенија. Моментално работи во „Содобност “ како раководител на проектите OLL LE и OLL LB и го координира проектот за промоција на читањето во словенечките училишта.

Александра (Алекса) Ц. Апостолаки
Издавач „Калеидоскоп пабликејшнс“ (www.kaleidoscope.gr)
Александра Ц. Апостолаки , издавач на „Калеидоскоп пабликејшнс“, студирала фармација на Националниот Каподистриски универзитет во Атина, Грција и има магистерска диплома по печатено новинарство од Универзитетот во Бостон, САД. Освен нејзиното богато искуство во издаваштвото (ко-основач на Ammos editions/1981 и Kaleidoscope Publications/1995), нејзиното професионално искуство опфаќа од печатено и радиодифузно новинарство (1976-1982) до развој и продукција на едукативни видеа од областа на античката грчка и византиска историја, хемија, биологија и астрономија за средно образование, во соработка со Отворениот универзитет и Фондацијата за истражување „Ламбракис“ (како директор на образовни програми/1994-2000). Таа е член на Одборот на MEDASSET, меѓународна невладина организација за зачувување и заштита на морските желки.

Ана Шлосбауер
Ана Шлосбауер работела во различни литературни области – како специјалист за литература во Швајцарскиот совет за уметности Pro Helvetia, кодиректор на колективот „Боло клуб“ за млади уметници на сликовници во подем и координатор на двојазични работилници за превод за програмата TOLEDO. Ја основала Sharing Pool, платформата за размена меѓу организаторите на фестивали и е вклучена во фестивалот Babel во Белинцона од неговото основање во 2006 година. Во 2026 година, таа ќе го преземе раководењето.
Во 2024 година, Шлосбауер се приклучи на ТРАДУКИ, меѓународната мрежа за литература и превод за Југоисточна Европа, каде што е одговорна за настапи на саемите на книгата и комуникацијата.

Саша Крниќ
Дипломирала Индологија и историја на Факултетот за хуманистички и општествени науки во Загреб, каде што подоцна го одбранила својот магистерски труд од областа на детската литература. Заедно со својот сопруг, пред 30 години ја основала ’Ибис Графика‘. Пред да стане директор на
’Ибис Графика‘, работела како помлад истражувач на Факултетот за хуманистички и општествени науки во Загреб. Во текот на изминатите десет години, преку „Ибис Графика“ учествувала во неколку европски проекти, од кои еден е „Нашата мала библиотека“. Во 2022 година, иницирала неколку национално значајни проекти, вклучувајќи Фестивал на детска литература во Загреб наречен „Книги на врвовите
на дрвјата“, фестивал во Јелса на островот Хвар наречен „Дјечји фестиВал“ и првата книжарница за деца во Загреб – „Причоземска“.

ТАМЕР САИД
ТАМЕР САИД е еден од најистакнатите издавачки директори во Обединетите Арапски Емирати. Во јули 2023 година тој
бил назначен за директор на Меѓународната литературна агенција Шарја (SILA), која била основана во 2020 година од страна на Управата за книги на Шарја (SBA) за да се зајакне комуникацијата помеѓу издавачите, авторите, преведувачите, илустраторите и другите засегнати страни, а со цел да
помогне во трансформацијата на бројни дела за глобална потрошувачка.
Претходно, Тамер поминал повеќе од 12 години како управен директор на „Калимат груп“, водечки арапски издавач во Шарја, ОАЕ. За време на својот мандат, тој ги промовирал публикациите на компанијата на многу нови пазари ширум светот и поттикнал силни партнерства со меѓународни издавачки куќи.
За време на неговата кариера, Тамер се приклучил на ценети организации во издавачката и литературната индустрија, како што се Здружението на издавачи на Емирати, Одборот за книги за млади на ОАЕ (UAEBBY) и Меѓународниот саем на книгата во Абу Даби. Учествувал и како член на жирија за доделување на разни награди за книги во ОАЕ.