Прв ден 29 мај 2016

* Свечено отворање – Даут пашин амам – 19.30 - 21.00 часот
* Претставување на писателите, нивното дело и книгите преведени на македонски јазик.
За Георги Господинов, Марко Видојковиќ и Звонко Карановиќ ќе говори Александар Прокопиев
За Андреј Блатник и Асли Перкер ќе говори Ермис Лафазановски
За Луан Старова ќе говори Елизабета Шелева

Втор ден 30 мај 2016

* Тркалезна маса „Независни издавачи од Германија и превод на литературата од Балканот: мапирање на реалноста“ - ЕУ инфо центар центар - од 11.00 до 12.30 часот.

Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на „Скопје fellowship“ програмата.

* Потпишување книги од страна на гостите автори и средба со читатели - книжарница „Икона“ - Скопје Сити мол, од 19 до 20 часот

* Средба на членовите на „Скопје fellowship“ програмата со писатели и издавачи од Македонија

Трет ден 31 мај 2016

* Средба на членовите на „Скопје fellowship“ програмата со писатели и издавачи од Македонија

*Затворање на фестивалот со доделување на наградата „Прозарт“ - Даут Пашин Амам, 19.30 часот

Писателите ќе читаат извадоци од нивните дела.

Обраќање на добитникот на Прозарт 2016 - Георги Господинов