ЗА ПРО-ЗА БАЛКАН

*По четврти пат во Скопје се одржува „ПРО-ЗА Балкан“, единствениот фестивал за елитна балканска проза.

*Шест врвни балкански прозни писатели доаѓаат во исто време во нашиот град да ги претстават пред публиката своите дела и своите авторски личности.

*Ова е несекојдневна можност македонската читателска публика лице в лице да се запознае со големите мајстори на современата проза од Балканот.

*„ПРО-ЗА Балкан“ не знае за прездив. Издавачот и основач на ценетата американска издавачка куќа „Далки архив прес“, како и литературен агент и 4 германски издавачи од најразвиената европска издавачка сцена, лично ќе комуницираат со македонските автори и издавачи. Преку „ПРО-ЗА Балкан“ за македонската современа проза ширум се отвора вратата кон светот.

*Топ тема на тркалезната маса ќе биде најгорливиот проблем: преводите на писателите од Балканот во светот и во Германија.

*Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ ќе се одржи во просторот што одговара на наговата важност: Даут пашиниот амам, како и во ЕУ инфо центарот и книжарницата на издавачката куќа Икона.

Александар Прокопиев
Уметнички директор на „ПРО-ЗА Балкан“