„Скопје fellowship“ програма
Странски издавачки куќи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути - гости во Македонија
„Скопје fellowship“ програмата е посветенa на странските издавачи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути. Македонија меѓу првите во регионот воспостави програма посветена на овој профил на гости, и продолжува со несмален интензитет.
Целта на Фелоушип програмата е важните имиња од познатите фестивали и од светот на издаваштвото да ги запознаеме со македонската книжевна сцена, од што, се надеваме, ќе произлезат нови преводи, гостување на писатели од Македонија во странство, промоција на литературата од Македонија, вмрежување на писателите и културните работници од сферата на издаваштвото и книжевноста со колегите од Европа и светот...
УЧЕСНИЦИ
Џон О’Брајан
Џон О’Брајан е издавач и основач на Далки
архив прес.
Исто така, ангажиран е на
Универзитетот Хјустон,
Викторија. Има
издадено повеќе од 100 научни статии,
како
и голем број на рецензии на книги и статии
во
списанија и весници како што се Harper’s,
Village Voice,
The Washington Post, и Chicago
Sun-Times. О’Брајан има добиено Награда
за животно дело од Националниот Круг
на
литературни критичари, Награда за издавач
на годината која ја доделува Carey-Thomas
Publishers Weekly,
Distinguished Service Award од
Институтот за литература и превод на Кореја,
а исто така е носител на титула Витез од редот
на уметностите и книжевноста на Република
Франција.
Јерг Сандермајер - Вербрехер издавачка куќа
[ Германија ]
Јерг Сандермајер е роден 1970 во Гитерсло и живее во Берлин.
Тој е автор и ко-основач на издавачката куќа Вербрехер Верлаг.
Исто така е и член на бордот на фондацијата Курт Волф
Стифтунг за независно
издаваштво во Германија.
Флориан Грундај - Валштајн издавачка куќа
[ Германија ]
Флориан Грундај е роден во 1986 г., книжар, студирал германска
литература на Универзитетот во Лајпциг и Универзитетот во
Хаген, од 2013 е проект-менаџер во издавачката куќа Wallstein
Publishing во Готинген.
Кристине Листау - Антас Биндерман Лиштау, литературна агенција [ Германија ]
Кристине Листау шест години ги организирала и менаџирала
фестивалите Open Book и LiteraTurm за
одделот за култура
на градот Франкфурт на Мајна.
Потоа таа била рководител
на секторот за манифестации
во Стад музејот во Берлин. Од
2014 таа е извршен
директор на Вербречер Верлаг. Покрај
работата во издавачката куќа таа заедно со Мариа Антас и
Сузан Биндерман ја основала литературната агенција Антас
Биндернам Листау во Берлин минатата година.
Рајнер Хелчл - Опен хаус издавачка куќа
[ Германија ]
Д-р Рајнер Хелчл, студирал литература и историја во
Виена и
Фрајбург во Брајсгау (Германија), има рабтено
како преведувач,
уредник (Media theory, Marshall McLuhan), новинар, писател
(литература и музика, Џими Хендрикс) и издавач.
Ја основал „Open House Verlag“ во Лајпциг 2011: Германски и
интернационални книги, белетристика и стручна литература.
Севастос Сампсунис - Гресенван издавачка куќа
[ Германија ]
Севастос Сампсунис е роден е во 1966 во грчко семејство
,кое имало привремена работа во Германија. Тој патувал
помеѓу Грција и Германија во своето детство.
Денес живее во
Франкфурт и е сопственик на издавачката куќа “Größenwahn
Verlag” , ко-сопственик на “Café-Größenwahn”, илустратор и
автор. “Größenwahn Verlag” е младо, креативно и независно
издаваштво со супкултурна ориентација во областа на
белетристиката, стручната литература и книги за совети. Исто
така, посебен интерес им е преведувањето од областа на
југоисточените европски јазикци, како што е едицијата “Виа
Игнација”.
