За ПРО-ЗА Балкан
Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е првиот профилиран меѓународен фестивал во Скопје посветен исклучиво на современата проза, кој низ годините се изгради во водечка регионална платформа за промоција на врвна книжевност и воспоставување реални издавачки мостови меѓу нашиот регион и Европа.
Централен настан на фестивалот е доделувањето на престижната награда „Прозарт“, која се доделува на истакнат автор за исклучителен авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот.
Во рамките на фестивалот се одвива и програмата „Скопје фелоушип“ (Skopje Fellowship Program), наменета за меѓународни издавачи, уредници, преведувачи и книжевни агенти. Оваа програма има за цел да ја поттикне промоцијата и преводот на македонските автори во странство преку директни средби, професионален умрежување и запознавање со современата македонска книжевна сцена.