ПРО-ЗА Балкан е:

- Веќе традиционална манифестација на најдобри балкански прозаисти што по трет пат се одржува во нашата држава.

- Шест врвни имиња од балканската проза во живо ќе се претстават пред македонската културна јавност.

- Ќе гостуваат врвни светски издавачи, агенти и директор на реномиран литературен фестивал, во рамките на „Скопје fellowship“ програмата.

- Оваа година, по избор на селекторот, ќе се издвои еден врвен автор од Македонија, и неговото дело.

- Годинешната тема на тркалезната маса е “Литература, граници, публика“

- ПРО-ЗА Балкан е празник на книжевната реч, на нејзината вредност и важност во современиот свет, особено на Балканот.

- Фестивалот воспоставува мостови меѓу балканскиот и македонскиот писател, меѓу европските чинители од светот на издаваштвото и македонските издавачи, меѓу светот на книгата и македонскиот читател..

Александар Прокопиев
уметнички директор