„Скопје fellowship“ програма

Странски издавачки куќи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути - гости на ПРО-ЗА БАЛКАН 2023. „Skopje Fellowship“ програмата е посветенa на странските издавачи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути. Фестивалот меѓу првите во регионот воспостави програма посветена на овој профил на гости, и продолжува со несмален интензитет. Целта на Фелоушип програмата е важните имиња од познатите фестивали и од светот на издаваштвото да ги запознаеме со нашата книжевна сцена, од што, се надеваме, ќе произлезат нови преводи, гостување на писатели странство, промоција на литературата, вмрежување на писателите и културните работници од сферата на издаваштвото и книжевноста со колегите од Европа и светот...

„Skopje Fellowship“ програмата е кофинансиранa од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.





ОРЕЛИ БОНТУ-РОШ, Франција

Орели Бонту-Роше е менаџер за преводи за француската издавачка групација „Либела“ (Buchet-Chastel, Phebus, Delpire and Co, Les Cahiers dessinés) и работи во издаваштво речиси 20 години. Полна со страст за литература, превод, јазици и патувања, таа го поминува своето време помеѓу Париз и Брисел.









МАУРО СПАЊОЛ, Италија

Мауро Спањол е Италијанец, кој живее во Лондон. Во издаваштвото работи од 2001 година прво во „Кватро паблишинг“ (Quarto Publishing), а потоа во „Мајкл О’Мара букс“ (Michael O’Mara Books). Во 2020 година отвора своја агенција наречена „Букс-Евривер“ (Books-Everywhere), која ги претставува европските издавачи со нивниот уникатен стил, содржина и пристап. Отсекогаш ги сакал книгите за деца и неговиот фокус е да промовира различни културни средини низ светот. Во 2022 година ја освоиле наградата Right Connection Award во Шарџа, Обединетите Арапски Емирати.











ЈЕРГ ЗИНДЕРМАЈЕР, Германија

Јерг Зиндермајер е роден во Гитерсло во 1970 година. Живее во Берлин. Тој ја води „Фербрехер ферлаг“ (Verbrecher Verlag) заедно со Кристине Листау (која ја основал во 1995 година) и пишува за повеќе весници и списанија. Неговите најнови книги се: Die Sonnenallee“ (2016) и „11 Берлински гробишта што мора да ги видите пред да умрете“ (2017). Јерг Зиндермајер е член на одборот на ПЕН Берлин.















НИКА МУШИЧ, Словенија

Ника Мушич(1990) е магистер по компаративна книжевност и дипломец на словенечките студии на Факултетот за уметности во Љубљана, Словенија. Следејќи ги сопствените академски определби, таа, во својство на практикант, вршела истражувања на Институтот за компаративна книжевност „Маргарида Лоса“ во Порто, Португалија. Во областа на издавачката дејност, таа е вклучена во различни улоги, вклучително и како проектен асистент и координатор во областа на читачката култура и промовирањето на читањето, но и како литературен критичар, коректор и уредник. Досега има соработувано со различни словенечки издавачки куќи. Моментално е уредник во „КУД Содобност“ (KUD Sodobnost International) каде уредува преведена белетристика и литературни критики на литература за деца за најстарото словенечко книжевно списание „Содобност “.







АНДРЕА ЏЕНТИЛЕ, Италија

Андреа Џентиле е писател и редакциски директор на „Ил саџаторе“ (Il Saggiatore) од 2014 година. Дел од неговите книги се следниве: I vivi e i morti (Minimum Fax, 2018) и Apparizioni (Nottetempo, 2020).












РОБЕРТО ДОМИНГЕЗ МОРО, Шпанија

Роберто Домингез Моро (Саламанка, Шпанија, 1981) е агент на А.Ц.Е.Р. (A.C.E.R.), најстарата книжевна агенција во Шпанија. Веќе 15 години работи со меѓународни книги од сите жанрови, посветен е на нивниот превод на шпански и португалски јазик и води каталог на шпански автори за нивните преводи ширум светот. Од 2009 година редовно присуствува на саемите на книги во Лондон и Франкфурт и во 2022 година бил на Саемот на книгата во Сеул. Дипломирал економија, а постдипломските студии му се од областа на издаваштвото на книги.











МАРИЈА АНЏЕЛА ФЕРАРИ, Италија

Марија Анџела Ферари е искусен менаџер за купување и продажба на авторски права со 19-годишно искуство во издаваштво, специјализирана за странски права. Работејќи на неколку меѓународни пазари, остварува многу добри контакти. Од август 2018 година работи во „Саси едиторе“ (Sassi Editore – Publisher), како директор за меѓународна продажба и извоз.