ЗА ПРО-ЗА БАЛКАН
*По шести пат во Скопје се одржува „ПРО-ЗА Балкан“, единствениот фестивал за елитна балканска проза.
*Шест врвни балкански прозни писатели лично ќе се претстават пред нашата публика.
*Ова е несекојдневна можност читателската публика лице в лице да се запознае со големите мајстори на современата проза од Балканот.
*Програмата „Скопје fellowship“ ќе се одржи по петти пат. Издавачи од Германија, САД и Турција лично ќе се сретнат со автори и издавачи од Балканот. Преку „ПРО-ЗА Балкан“ за современата проза од Балканот ширум се отвора вратата кон светот.
*Темата на тркалезната маса ќе биде горлив проблем: видливоста на класиците на литературата од Балканот во 21-от век. Со оваа тема фестивалот се приклучува кон славењето на Европската година на културното наследство.
*Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ ќе се одржи во просторот што одговара на наговата важност: Даут пашиниот амам, како и во ЕУ инфо центарот и книжарницата на издавачката куќа Икона.
Александар Прокопиев
Уметнички директор на „ПРО-ЗА Балкан“