ПРО-ЗА Балкан е:
- Вторпат во Р. Македонија со обогатена програма и високи критериуми.
- Повторно пет врвни писателски имиња од Балканот ќе се претстават во живо пред македонската публика.
- Од оваа година ПРО-ЗА Балкан воведува неколку новини. Заедно со балканските автори, по избор на специјално избран селектор ќе се претстави раскажувачкиот опус на еден автор од Македонија.
- Меѓу поканетите автори за првпат ќе гостува еминентен уметник од друга уметничка сфера, кој едновремено создава и литература.
- ПРО-ЗА Балкан воведува фелоушип програма на која секоја година ќе гостуваат врвни европски издавачи, литературни агенти и скаути и директори на познати книжевни фестивали
- Годинешната тема на тркалезната маса е “Европа/Балкан – литература/инклузивност“
- ПРО-ЗА Балкан ја празнува убавата, високо вреднувана проза и индивидуалната моќ на авторот.
- Фестивалот е голем чекор во воспоставувањето мостови меѓу балканскиот и македонскиот писател, меѓу европските чинители од светот на издаваштвото и македонските издавачи, меѓу светот на книгата и македонскиот читател..
Александар Прокопиев
уметнички директор