ВИДА ОГЊЕНОВИЌ
Родена е во Дубочки крај, Никшиќ, а од најраното детство живее во Србија.
Основно училиште завршила во Врбас, а гимназија во Сремски Карловци. Дипломирала на Катедрата за општа книжевност на Филолошкиот факултет во Белград, и на одделот за режија на белградскиот Факултет за драмски уметности.
Постдипломските студии ги почнала во Париз на Сорбона, а магистерскиот труд по теорија и практика на режија го одбранила во Минесота, САД, како стипендист на фондацијата Фулбрајт (1972).
Од 1974 до 1979 г. работи како асистент на ФДУ во Белград. Во 1977 г. е избрана за директор на Народниот театар во Белград, а по истекот на четиригодишниот мандат, остана на функцијата постојан режисер.
Како Фулбрајтов професор, предава на универзитетите во Лос Анџелес (УКЛА), од 1981-1982 г., Чикаго (УИК, Колумбија Колеџ) (1996, 1998, 2000 г.), а во рамки на предавачките турнеи ги поминала, како гостин предавач, сите поголеми универзитети во САД (1985, 1991, 1997, 1999 г.). Работи како редовен професор на Академијата за уметности во Нови Сад и Академијата за фини уметности во Белград. Нејзини книги се преведени на македонски јазик од издавачот „Слово“.
Книжевни дела
Збирка раскази:
„Отровното млеко на глуварчето“ (Prosveta, Белград, 1994 г.),
„Стариот часовник“ ( Prosveta, Белград, 1996 г.),
„Најубавите раскази на Вида Огњеновиќ“ (Prosveta, Белград, 2001 г.),
„Точна адреса“ ( DOO: Dnevnik, Нови Сад, 2007 д.).
„Живи примери“ ( Arhipelag, Белград, 2012 г.)
Романи:
„Прељубници“ (Stubovi kulture, 2007 г.)
„Набљудувач на птици“ ( Arhipelag, Белград, 2011 г.)
Патеписна проза:
„Патување во патепис“ ( Zrenjaninska biblioteka, 2005 г.).
Збирка есеи:
„Висока волтажа“ ( Arhipelag, Белград, 2014 г.)
Збирка интервјуа:
„Нема веќе наивни прашања“ ( Dnevnik, 2008 г.).
Книги со драми:
„Кањош Мацедоновиќ“ (Oktoih, 1989, 94, 2004 г.),
„Меланхолични драми“ ( SKZ, 1991 г.),
„Меланхолични комедии“ ( SKZ, 1993 г.),
„Девојка со темно сина коса“ ( Ars dramatica, Белград, 1994 г.),
„Милева Ајнштајн“ ( Stubovi Kulture, 1988, 2002 г.),
„Јегоровиот пат“ ( Oktoih, 2001 г.),
Собрани драми во три книги:
Драми I, II, III (Stubovi kulture, 2000, 2001, 2002 г.),
„Дон Крсто“ ( Oktoih, 2007 г.)
Награди за книжевната работа.
Меѓу другите:
Награда на Просвета (за книга на годината, 1994 г.),
Награда Иво Андриќ (за расказ, 1995 г.),
Награда Бранко Ќопиќ (за проза, 1996 г.),
Награда Лазар Костиќ (за роман, 1996 г.),
Награда Карољ Сирмаи (за раскази, 1996 г.),
Награда Рамонд Сербиц (за проза, 1998 г.),
Награда Стефан Митров Љубиша (за книжевно дело, 1999 г.).
Награда Тодор Манојловиќ, (за модерен израз во книжевноста, 2004 г.)
Награда Милица Стојановиќ - Српкиња (за проза, 2007 г.)
Награда на Народната Библиотека (за книга на годината, 2007 г.)
Награда Кочиќево перо (за проза, 2012 г.)
Прозата и драмите се преведени на англиски, унгарски, италијански, грчки, бугарски, чешки, македонски, романски, украински, германски и дански јазик.
Објавува преводи од англиски и германски јазик. Живее и работи во Белград.
Ахмет Умит
Ахмет Умит е роден во 1960 г. Бил активен член на турската комунистичка партија во периодот од 1974 до
1989 г., учествувал во подземното движење за демократија, додека Турција била под воено диктаторство, во периодот од 1980-1990 г. Нелегално учествувал во Академијата за социјални науки во Москва во осумдесеттите години на
ХХ век. Тој е еден од најпознатите турски современи писатели, а особено е познат по своето мајсторство во мистеријата, како што може да се забележи од големиот број продадени романи и томови со раскази. Имајќи ја предвид единствената политичка и историска заднина, Ахмет Умит ја истражува психата на своите добро
опишани карактери, додека ткае магични приказни за убиства и политичка интрига. Македонски издавач на Ахмет Умит е „Антолог“.
Глас ја сече ноќта (Bir Ses Böler Geceyi), 1994 г., роман;
Приказна во приказна (Masal Masal İçinde), 1995 г., раскази;
Маглата и ноќта (Sis ve Gece), 1996 г., роман;
Мирисот на снегот (Kar Kokusu), 1998 г., роман;
Патасана (Patasana), 2000 г., роман;
Ѓаволот се крие во деталите (Şeytan Ayrıntıda Gizlidir), 2002 г., раскази;
Кукла (Kukla), 2002 г., роман;
Рапсодија во Бејоглу (Beyoğlu Rapsodisi), 2003 г., роман;
Човекот кој го говореше јазикот на Исус (Kavim), 2006 г., роман;
Белегзијата на Нината (Ninatta’nın Bileziği), 2006 г., роман;
Портата на Дервишот (Bab-ı Esrar), 2008 г., роман;
Спомен за Истанбул (İstanbul Hatırası), 2010 г., роман;
Убивајќи го Султанот (Sultanı Öldürmek), 2012 г., роман;
Кога крушите шепотат (Beyoğlu’nun En Güzel Abisi), 2013 г., роман.
Бен Блуши
Бен Блуши е роден во Тирана, во 1969 г. Дипломирал Албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при универзитетот во Тирана. Работи како главен уредник на весникот „Koha Jonë“, а во 1999 г. започнува политичка кариера во кабинетот на Премиерот на Албанија. Неколку месеци има функција на заменик министер за надворешни работи, а при крајот на првата деценија од ХХI век станува префект на Корча, а во 2011 г., е поставен за Министер за оразование. Блуши во моментот е пратеник, застапувајќи ја социјалистичката партија.
Талентот на Блуши се истакнува на позрела возраст, и се смета за мошне плоден: четири романи во пет години. Во април 2008 г., беше објавен првиот роман на Блуши „Të jetosh në ishull“ (Живот на остров), кој беше неверојатно успешен. Всушност, во рок од неколку месеци, се продадоа над 30.000 примероци, што е рекорд на албанскиот пазар. Романот на Блуши, на 400 страници, му нуди на читателот панорама на албанската историја под Отоманското царство во периодот од 15 до 18 век, со сеопфатен и не неконтроверзен третман на исламизацијата на земјата. Неговиот втор роман „Otello, Arapi i Vlorës“ (Отело, маварот од Валона) се појави една година подоцна, по што во 2011 г. следуваше неговиот трет роман „Shqipëria“ (Албанија). За романот „Otello, Arapi i Vlorës“, Блуши ја доби наградата Автор на годината на Саемот на книгата во Тирана во 2009 г. Трите романи сочинуваат триптих на квалитетната нова албанска литература и претставуваат културен феномен кој заслужува да ги надмине границите на Албанија во деценијата што следува. Во април 2014 г., Блуши објави збирка есеи под наслов, „Hëna e Shqipërisë“ (Месечината на Албанија).
Името и делото на Блуши владеат на албанската литературна сцена: десетици илјади продадени примероци и поттикнати дебати во медиумите и книжевните кругови. Во последните дваесет години, Блуши се смета за писател со најмногу продадени примероци од книга.
Во 2014 г., Блуши ја доби наградата „Награда на Европската унија за литература 2014 (EUPL)“, „За целокупниот квалитет и креативност на книгата „Отело, маварот од Валона“ (Otello, Arapi i Vlorës), која е достапна преку Креативната европска програма на ЕУ, во соработка со Европската федерација на издавачи (EBF), Европскиот совет на писатели (EWC), и Федерацијата на европски издавачи (FEP).
Полона Главан
Полона Главан е словенечка писателка и преведувачка, чиишто раскази се вклучени во антологијата на словенечка кратка проза Време за раскази (1999) и За што зборуваме (2004). Нејзиниот прв роман Ноќ во Европа (2001) беше еден од финалистите за наградата словенечки роман на годината и е преведен на чешки (Agite), македонски (Ars Lamina) и унгарски јазик (Typotex). Како и во овој роман, необичните судбини се главна одлика што ја поврзува нејзината збирка раскази Герила (2004). Поединечни раскази од книгата се преведени и објавени на над 10 јазици. Главан има освоено голем број награди за
нејзините дела, но е и преведувач на современа американска, англиска и ирска литература.
Нејзин последен роман е Без оглед како (2014).
Алида Бремер, д-р по филологија
Родена е во 1959 г., во Сплит. Живее во Минстер, Германија, со сопругот и двете деца, а повремено престојува во Сплит.
Студирала компаративна книжевност, славистика, германистика и романистика во Белград, Рим (стипендија на италијанската влада), Сарбрикен и Минстер. Докторирала на одделот за компаративна книжевност на универзитетот во Сарбрикен, на тема „Криминалистичка деконструкција: Поетика на постмодерниот криминалистички роман“.
Од 1987 г., работи како стручен соработник на различни научни институти, универзитети и проекти, а од 1991 до 2005 г., (со прекини) работи како лектор за босански/хрватски/српски јазик и книжевност на универзитетите во Минстер и Гизен. Од 2005 до 2008 г., работи како стручен соработник во Центарот за родови студии (Giessener Interdisziplinäre Arbeitsstelle Gender Studies) на универзитетот Justus-Liebig во Гизен. Раководи со проектот Приказ на мртвото женско тело во словенските книжевности. Нејзината изложба Самрак на јунакот: Патријархалната култура во Југоисточна Европа поставена е во Цирих, Берлин и Гизен. Објавува различни публикации на теми од областа на родовите студии.
Од 2008 г. до денес има статус на слободна авторка и преведувачка во Германија. Објавува голем број публикации на теми од областа на компаративната книжевност, теорија на литература и славистика, а објавува и есеи, поезија и проза.
Превела голем број написи, есеи, драми, раскази, збирки со песни и романи од хрватски и српски на германски јазик, а уредила и неколку книги и посебни броеви списанија. Со Саша Илиќ, од 2014 г., го уредува и издава списанието за книжевност и општеството „Бетон Интернешнал“, на германски јазик. Работи како соработник за различни списанија, како и голем број книжевни институции и фестивали од германско јазично подрачје. За заслугите за промовирање на хрватската книжевност во Германија, одликувана е со одлука на претседателот на Република Хрватска „Орден на Даница хрватска со ликот на Марко Марулиќ“ во 2013 г.
Ја добила стипендијата „Grenzgänger“ на компанијата Robert Bosch Stiftung (2008). Добила и работна стипендија за пишување (Internationales Haus der Autoren Graz, 2010 г.) и преведување (Deutscher Übersetzerfonds, 2011 г.). Романот „Olivas Garten“ е објавен на германски јазик во 2013 г. од издавачката куќа „Eichborn“, на македонски јазик е објавен во 2014 г. од издавачката куќа „Готен“, а на хрватски јазик во 2015 г. од издавачката куќа „Fraktura“.
Од 2008 до 2014 г., соработува со издавачката куќа S. Fischer Stiftung од Берлин и во рамки на таа куќа го води проектот Traduki (Traduki е меѓународна мрежа за промовирање на книжевноста, а ја основале министерствата за надворешни работи на Германија и Австрија, KulturKontakt Austria, Pro Helvetia, Goethe Institut и S. Fischer Stiftung). Го води проектот „Југоисточна Европа во фокусот“ на Саемот на книгата во Лајпциг, од 2009 до 2014 г. Член е на хрватскиот ПЕН центар и германското здружение на слободни преведувачи.
Димитар Башевски
Димитар Башевски - романсиер, поет, раскажувач, преведувач и издавач. Роден во 1943 година во Ѓавато, Битолско. Филозофски факултет завршил на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Долги години работел како новинар, постојан дописник од Атина и уредник, а потоа како издавач. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа “Култура” од Скопје. Сега е главен уредник на издавачката куќа “Слово”. Од 2000 до 2006 беше претседател, а потоа почесен претседател на Македонскиот ПЕН центар.
Башевски е автор на следните романи, книги поезија и раскази:
Туѓинец, роман, 1969; Враќање, роман, 1972; Раска, роман, 1974; Нема смрт додека ѕвони, роман,1980; Една година од животот на Иван Плевнеш, роман, 1985; Куќата на животот, поезија, 1987; Сарајановскиот каранфил, роман,1990; Дневникот на Ања, роман за деца,; Привремен престој, поезија, 1995; Совладано време, поезија, 1998; Бунар, роман, 2001; Аголен камен, поезија, 2005; Братот, роман, 2007; Во дланката своја си гледам, поезија, 2010, Прозорци, роман, 2010 и Белег. Сон, избор поезија, 2011, Прозорци, нова верзија, роман, 2013; Мајсторот, раскази, 2013
Негови книги се преведувани и објавувани на англиски, чешки, романски, грчки, српски, турски, црногорски и албански јазик. Застапуван во поголем број антологии на македонската литературa во земјата и во странство и во македонските енциклопедии. За своите книги, тој ги има добиено наградите 11 Отомври, Рациново признание, Печалбарска повелба, Ванчо Николески и наградата Роман на годината ("Утрински весник") за романот “Бунар", кој во 2002 година беше номиниран за меѓународната награда “Балканика”.
