„Скопје fellowship“ програма
Странски издавачки куќи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути - гости во Македонија
„Скопје fellowship“ програмата е посветенa на странските издавачи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути. Македонија меѓу првите во регионот воспостави програма посветена на овој профил на гости, и продолжува со несмален интензитет.
Целта на Фелоушип програмата е важните имиња од познатите фестивали и од светот на издаваштвото да ги запознаеме со македонската книжевна сцена, од што, се надеваме, ќе произлезат нови преводи, гостување на писатели од Македонија во странство, промоција на литературата од Македонија, вмрежување на писателите и културните работници од сферата на издаваштвото и книжевноста со колегите од Европа и светот...
УЧЕСНИЦИ
Урсула Бергентал - btb Рандом хаус (Германија)
Урсула Бергентал завршила германска, англиска и компаративна книжевност на универзитетите во Минхен
и Лондон, и докторирала на тема „Хари Потер како пример за литературна масовна комуникација во модерното медиумско општество“ во Готинген, Германија, каде што држи предавања по предметот Литература и маркетинг. Работела хонорарно за неколку издавачки куќи (Gräfe und Unzer, Edito Service/ Atlas во Женева, Heyne),
а едновремено била уредник во издавачката куќа Хајн.
Во 2008 г., почнала да работи за btb (http://www.randomhouse.de/btb/) каде што сега е главен уредник. btb е основана во 1996 г. Таа е дел од Рaндом Хаус и објавува германска, како и меѓународна белетристика (литературни и ексклузивни комерцијални дела), и стручна литература. Нивната издавачка програма вклучува автори како Ирвин Д. Јалом, Кетрин Стокет, Марија Семпл, Хакан Несер, Хакан Гундеј, Зелда ла Гранж; во мек повез Харуки Мураками, Салман Ружди, Софи Оксанен, Наташа Драгниќ, Јули Зех, Едо Поповиќ, Казуо Ишигуро, Мајкл Канингам, Саша Санишиќ, Карл Ове Кнаусгард, Џулиан Барнс.
Силвиа Брунели - Набу литературна агенција (Италија)
Силвиа Брунели ја поминала младоста во Германија,
Полска и САД, а во слободното време го пропатувала
светот од Аљаска до Тиера дел Фуего и од Нов Зеланд до Гренланд. По враќањето во нејзината родна Тоскана во
1987 г., Брунели, по долгата кариера како универзитетски професор, ја основаше литературната агенција Nabu International, која ги застапува светските права на голем
број автори, како и меѓународни издавачи и агенти на италијанскиот пазар. Со текот на годините, литературната агенција Набу преговара за правата и склучува договори за тројца добитници на Нобелова награда за литература
(Нагиб Махфуз, 1988 г., Ригоберта Менчу, 1992 г., Дарио Фо, 1997 г.) како и за меѓународно признатите автори В.Г. Себалд, Леонард Коен, Ноам Чомски, Вандана Шива, Жак Делор... Од деведесеттите години на ХХ век, го насочува својот интерес и кон филмот, па е вклучена во голем број филмски проекти со починатиот актер и продуцент Клаус Кински, и со филмските ѕвезди Питер Фалк и Амбер Тамблин. Во моментот, во подготовка е голем телевизиски проект, европска копродукција.
Сега, како што наближува возраста за пензионирање, таа дефинитивно сака да продолжи со работа: агентството и издаваштвото се живот, не работа!
Нермин Молаоглу - Калем литературна агенција (Турција)
Нермин Молаоглу работела во YKY, една од најголемите
и најпрестижни издавачки куќи во Турција, во периодот 2002-2005 г.
Во 2005 г., ја основа агенцијата
Калем, која во моментот застапува 120 современи турски автори и голем број странски издавачи и агенции на турскиот пазар. Калем го организира ITEF – Литературен фестивал Танпинар Инстанбул, кој е единствениот таков меѓународен фестивал во Турција.
Агенцијата има тринаесет вработени и главно се фокусира на белетристика од сите жанрови, но вклучува и детска и стручна литература меѓу своите наслови.
Нермин Молаоглу, која магистрирала на универзитетот во Конектикат, во моментот ја пишува својата теза за празнините во договорите за авторски права за авторите и преведувачите на универзитетот Билги во Истанбул.
Мехмет Дермиташ - Интернационален литературен фестивал Танпинар (Турција)
Мехмет Демирташ е генерален директор на ITEF-Литературниот фестивал Танпинар Истанбул. Неговата наобразба вклучува музичка композиција, бидејќи дипломирал музичка теорија. Музичките активности на композиторот се одвиваат во интервали. По дипломирањето во Франција, Демирташ се враќа во Турција каде што магистрира на менаџмент на уметности и работи како координатор на настани во Yapı Kredi Culture, уметности и издаваштво, каде што две години организира настани и активности од различни гранки на уметноста. Во 2005 г., Демирташ ја основа литературната агенција Калем, а во 2009 г. почнува со организирање на ITEF. Во 2011 г. го основа културното здружение Калем, а заедно со фестивалскиот тим, тој во моментот раководи со различни ЕУ проекти, како и со други меѓународни партнерства, покрај ITEF.
