ДЕЈАН ТРАЈКОСКИ

Роден 1977 година во Прилеп. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Идеен автор и директор на фестивалот ПРО-ЗА Балкан. Автор е на романите „Вистина. Љубов. (рашомонијада)“ (2012) и “Неверство“ (2014), за кој ја доби наградата „Македонска книжевна авангарда“ и беше финалист за годишната награда за прозна книга на Друштвото на писателите на Македонија, „Стале Попов“. Од 2005 година работи како новинар во дневниот весник ВЕЧЕР. Член е на Интернационалната федерација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Од 2015 година е селектор на програмата „Нов европски филм“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.