Венкo Андоновски

Венкo Андоновски (1964, Куманово), професор по книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Прозаист, драматург, филмски сценарист, критичар. Еден од најчитаните македонски автори во Македонија во последнава деценија. Романот „Папокот на светот“ е продаден во 12.000 примероци, а „Вештица“ во 7000. Еден од најизведуваните и најпопуларните драмски писатели во последниве десетина години во Македонија.

Добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, за романот „Папокот на светот“ и „Југра“ (руска меѓународна награда за најдобар роман од словенските книжевности преведен на руски, за „Папокот на светот“).

Андоновски е автор е на вкупно 32 првоиздадени книги од најразлични жанрови. Поважни дела: Фрески и гротески (раскази); Азбука за непослушните, Папокот на светот, Вештица и Ќерката на математичарот (романи). Поважни изведени драми: Бунт во домот за старци, Словенскиот ковчег, Кандид во земјата на чудата, Црни куклички, Кинегонда во Карлаленд, Граница, Олово на перница, За секого има по една, Генетика на кучињата.

Делата му се преведени на десетина јазици.