СТРАЖАРИ НАД МИСЛАТА И ЗБОРОТ
Во ова бездушно време на хипокризија, лажни вредности, корозивни серии и брза храна, па и во сите времиња, бидејќи отсекогаш лесниот збор доминирал над смислата, за среќа, постојат стражари над мислата и зборот. Такви петмина бестрашни стражари оваа година доаѓаат од Балканот во Скопје на првата манифестација од овој вид по шеесетина години државност на Македонија. За време на фестивалските денови ги славиме имињата на оние што се борат со нијансите на жедта и ситоста но мислата не е застаната само кај вмрежување на писателите од Балканот, бидејќи отворени се прашањата околу поактивен превод на писателите од Балканот на други балкански и европски јазици, а се уште лебдат без доволно силен ветер и поопштите прашањата околу развојот на транснационалната циркулација на автори и културни добра и интернационалниот дијалог и соработка.

Затоа, со нетрпение ги очекуваме и идните изданија на фестивалот.
Дејан Трајкоски
Идеен автор и директор на фестивалот “ПРО-ЗА Балкан”