Ерџан Кесал

Ерџан Кесал (р.1959 год.) е писател, актер и сценарист од Аванос (Невшеир). Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Еге“ во 1984 година. Повеќе години практикувал медицина по што започнал обуки по практична психологија и социјална антропологија. Неговите современи текстови и авторски приказни се објавени во турските весници како што се „Radikal“ и „BirGün“. Кесал исто пишува сценарија за турски филмови. Актерската кариера ја започнал во авантуристичкиот филм „Uzak“ (“Далечен”) и продолжил да се појавува во многу филмови како актер или како сценарист, од кои можеме да ги издвоиме „Bir Zamanlar Anadolu’da“ (“Беше еднаш во Анадолија“) кој учествуваше на Филмскиот фестивал во Кан во 2011 година.
Неговиот најнов роман „Evvel Zaman“ („Древни времиња“) е дневник во кој е опишан процесот на оформување на „Беше еднаш во Анадолија“. Романот е објавен во 2014 година од страна на издавачката куќа „Ithaki“.
„Peri Gazozu” („Самовилска газоза“) е збирка на приказни за наједноставните а сепак највосхитувачки аспекти од животот – раѓањето и умирањето, растечките болки и фрустрацијата од стареењето, за понекогаш тешките но сепак саканите односи во семејството – раскажно низ очите на повеќе различни ликови. Неговата новела „Потенцијалниот кандидат“ е објавена во 2015 од издавачката куќа „İletişim“. “Огледалото на Гин” е објавен во 2016 од истата издавачка куќа. Автор е и на други книги како што се „Aslında“ („Всушност“), „Zamanın İzinde“ („Во потрага по времето“) и Tanıdığım Metin Erksan (Метин Ерксан, онака како што го знам“).