Одборот на Меѓународниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“
за доделување на наградата „Прозарт“ за за авторски допринос кон развојот на книжевноста на Балканот, едногласно одлучи оваа 2015 година наградата да ù припадне на Вида Огњеновиќ, српска писателка, прозаистка, режисерка, драматург, и дипломат, со специфичен раскажувачки талент чии прозни дела на крајот на 20 и почетокот на 21 век се наметнуваат како снажен потенцијал во контекстот на современата балканска и европска книжевност.

Вида Огњеновиќ ù е добро позната на балканската литературна и драмска публика особено преку нејзините раскази, романи и драми меѓу кои најпознати се збирките раскази: „Отровното млеко на глуварчето“, „Стариот часовник“, романот „Куќата на мртвите мириси“,
драмите „Меланхолични драми“, „Среќни комедии“, „Милева Ајнштајн“,„Кањош Мацедонивиќ“ и др.
Во центарот на нејзиниот прозен и драмски израз се
наоѓа микрокосмосот на Сремски Карловци кој го симболизира современиот мултикултурализам. На македонски јазик објавени се романите „Прељубници“, „Куќата на мртвите мириси“ и „Набљудувач на птици“. Добитник е на бројни награди како „ИвоАндриќ“, „Бранко Ќопиќ“, „Просвета“, „Лаза Костиќ“ и наградата на „Охридската академија за Хуманизам“ за 2012 година. Нејзините дела се преведени на голем број европски јазици. Предавала на неколку универзитети во САД а како дипломат била амбасадорка на Србија во Данска и Норвешка. Вида Огњеновиќ е претседателска на српскиот ПЕН центар и потпретседател на меѓународниот ПЕН.
Во моментов живее и работи во Белград.

Одбор за доделување на наградата „Прозарт“:
Владислав Бајац (Србија)
Александар Прокопиев
Елизабета Шелева
Ермис Лафазановски
Дејан Трајкоски