ПРО-ЗА Балкан е:
- прв собир, од ваков тип, во Р. Македонија. Врвни раскажувачи од пет
балкански држави,
во исто време, на исто место.
- можност читателската публика да ги запознае своите автори “во
живо”, да ги чуе нивните мисли и гласови, да се дружи со нив.
- можност и авторите меѓу себе да воспостават поблиски книжевни и
човечки врски што ќе ја засили нивната регионална поврзаност.
- афирмирација на вредноста и важноста на прозното дело во
балкански и европски контекст.
- можност издавачите да се проверат себе си - што досега направиле,
а што не во однос на уметничката балканска проза, и што може
понатаму да се направи.
- празнување во чест на убавата проза, културолошки, геопоетички и
географски блиска.
- доказ дека добрата книга секогаш ќе го заслужи добриот читател, и
обратно, само е потребно да им се овозможи вистинска средба!
Александар Прокопиев
уметнички директор